Европската фудбалска федерација (УЕФА) санкционираше четири клубови поради непочитување на правилата за финансиски фер-плеј.

Од УЕФА соопштија дека одлучиле да ги казнат албанскиот клуб Тирана, српскиот Војводина, казахстанскиот Иртиш и швајцарскиот Сион.

Тирана и Војводина ќе бидат казнети само финансиски - со 215 илјади евра, кои ќе им бидат одземени од заработените пари од нивното учество на европските турнири оваа сезона.

На Иртиш ќе му бидат одземени 440 илјади евра и ќе добие забрана за учествува на евротурнирите наредната сезона (важи за сезоната 2018/19, 2019/20 и 2020/21).

Сион ќе добие казна во износ од 235 илјади евра плус забрана за учество во Европа во следната сезона (важи за сезоната 2018/19 и 2019/20).



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2018 19:37