Денес беше пуштена е во употреба автопатската делница Демир Капија – Смоквица со што се заокружи со целосно автопатско решение Коридорот 10 низ територијата на Македонија.

Новата делница во должина од 28,2 километра, ќе го скрати за 25 минути патувањето на тој потег од автопатот „Пријателство“. Преку неа годишно се очекува да поминат 730.000 возила, а побрзото и побезбедно патување треба да придонесе за развој на економијата и поголема соработка на регионот и негова интеграција со европскиот пазар, беше порачано на свеченоста на која присуствуваа премиерот Зоран Заев, генералниот директор за соседски политики и преговори за проширување во Европската комисија Кристијан Даниелсон, грчкиот министер за транспорт и инфраструктура Кристос Спиртиз, економски министри во Владата...

По новите 28 километри автопат граѓаните ќе може да возат од утре, а денешната церемонија го означи почетокот на кампањата „ЕУ за Тебе“ за инвестиции на ЕУ во транспортната инфраструктура.

- Поврзувањето е основен чекор за изедначување на нашите регионални стандарди со оние на ЕУ кон која не водат сите патишта. Овој автопат е еден од нив и во буквална смисла. Овој автопат поврзува и води кон ЕУ. Оваа делница од автопатот „Пријателство“ во себе ја има вградено искрената приказна за поддршка и соработка, рече премиерот Зоран Заев.

На фејсбук се појави видео во кое се гледа како плех музика го прославува отварањето на оваа делница со неколку разиграни луѓе кои се движат во тунелот!



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2018 20:38