На фотографиите кои ги објави порталот Курир се гледа стадо овци како пасе во зелената површина во центарот на Скопје.

„Урбан парк” се наоѓа на улица „Јордан Мијалков”, спроти Геолошкиот завод и е на оддалеченост од стотина метри од плоштадот. Тој е целосно уништен, а сега гледаме дека е претворен и во место за пасење на овци.

Веќе една година наназад овој парк се уништува, скршена е целата урбана опрема, детското игралиште е во катастрофална состојба, местото е претворено во депонија, а сега најново се користи и за чување на стока.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2018 20:08