Екипата на Беласица денеска го завери враќањето во првата македонска лига по повеќе од една деценија, откако го совлада Кожув со убедливи 6:0. Со оваа победи струмичкиот тим и официјално се промовира како нов прволигаш во следната сезона.

Струмичани од 2006 година чекаа повторно да се вратат во елитното друштво, а годинава тоа им успеа по силната сезона во Втората лига - Исток, во која речиси и немаше вистински конкурент во трката за директниот пласман.

Утре ќе се игра дерби натпреварот меѓу Брегалница и Борец, кој е директна борба за второто место на табелата. Борец има еден бод предност пред Брегалница во трката за втората позиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2018 02:09