Најдобриот српски судија, Милорад Мажиќ, е избран да ја дели правдата во финалето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, соопшти УЕФА .

Мажиќ ја доби најголемата доверба од европската фудбалска централа, заедно со првите асистенти Милован Ристиќ, Далибор Ѓурѓевиќ и судиите зад голот - Ненад Ѓокиќ и Данило Грујиќ. За четврти арбитрар беше избран Французинот Клемен Турпан.

За Мажиќ, финалето на Лигата на шампионите ќе биде најголемиот натпревар во неговата кариера, откако претходно го судеше Суперкупот меѓу Реал Мадрид - Севиља и финалето на Купот на конфедерациите меѓу Германија и Чиле, и ќе биде многу веројатен кандидат за делење на правдата во финалето на претстојниот Мундијал во Русија.

Финалето на Олимпискиот стадион во Киев ќе се одигра на 26 мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2018 11:02