Фејсбук приказната на Никола Нешкоски, кој вчера објави на неговиот ФБ профил дека нашол лаптоп Мас пред ,,Олимпико“ во Скопје е уште во низата на т.н. „За Македонцките работи“.

По неговата објава дека бел лаптоп паднал од покривот на автомобилот откако неговиот сопственик во брзање заминал од пред ,,Олимпико“, како сопственици му се јавиле дури 12 луѓе.

,,Само да ви кажам дека е најден сопственикот на компјутерот. И да ве поздравам сите вас “сопственици” кои се пријавивте дека е ваш…. Ама морам да признаам дека бевте креативни во смислувањето на приказните….се беше добро до моментот кога ви побарав документи за компјутерот, или ви спомнав дека на превземање ќе мора да направиме заедничка слика…. Тогаш ве снема.

П. С: преку порака на фб се пријавија 7 сопственици, а на телефон 5…“-напиша Нешковски на својот фејсбук профил.

За изгубениот лап топ се пријавиле 12 „сопственици“


Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2018 14:02