Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ повторно ќе игра на врвно ниво, доколку е дисциплиниран и трпелив, смета неговиот поранешен тренер Борис Бекер.

Ѓоковиќ мината седмица стигна до полуфиналето на Мастерсот во Рим, што е негов најдобар резултат оваа сезона. Но и покрај отпорот што му го пружи на Рафаел Надал, сепак шпанскиот тенисер победи на натпреварот.

- Ми се чини дека веќе нема никакви повреди. Претходно не играше шест или седум месеци..Потребно е време да се врати, нагласува Бекер.

Пред турнирите на земјена подлога во тимот на Ѓоковиќ се врати и неговиот поранешен тренер Марјан Вајда.

- Повторно е со вистинскиот тим. Му се врати стариот тренер Марјан Вајда. Го сакам Новак, тој ми е еден од најблиските пријатели и му посакувам само добро. Ако биде дисциплиниран и трпелив, повторно ќе може да биде на очекуваното ниво, истакна Бекер.

Следниот турнир на кој ќе настапи Ѓоковиќ ќе биде „Ролан Гарос“



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2018 20:33