Повозрасните генерации го паметат историскиот дуел на националната телевизија оддржан пред цели 20 години.

Главните актери беа Љубчо Георгиевски тогашен лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Бранко Црвенковски премиер на Република Македонија до 1998 година. ТВ дуелот се оддржа во предвечерието на парламентарните избори во 98-ма на кои мнозинство од гласовите отидоа на контото на ВМРО-ДПМНЕ по што за прв пат во Република Македонија, десницата дојде на власт.

Пред дуелот на Христијан Мицкоски и Зоран Заев, да се потсетиме како изгледаше дел од дебатата на Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски.

П.С. Зборовите виски, кокаин и Бугарија беа на repeat.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2018 19:02