Фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње му посака усепх на новиот тренер Карло Анчелоти за кого верува дека може да му ја даде на тимот потребната сигурност и конечно да ја освои шампионската титула.

- Му посакувам на Карло Анчелоти се најдобро. Се надевам дека тој ќе ни помогне. Не го очекував ова, но нашиот претседател секогаш има адут во рака. Пристигнувањето на Анчелоти е среќа за Наполи. Тој е одличен тактичар. Што се однесува до Сари, можеме само да му се заблагодариме. Тој ни даде многу, многу научивме под негово водство и сме благодарни за тоа, истакна Инсиње.

Денес, Сари треба да одржи разговори со претставниците на Челзи.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2018 17:39