Шпанскиот репрезентативец, Андрес Иниеста во својот нов клуб, јапонски Висел Кобе ќе настапува со бројот 8. Тој го доби својот дрес на официјалната промоција во новата средина.

Шпанецот играше за Барселона од сезоната 2002/03. За 16 години освои 32 трофеи, меѓу кои и девет титули на шампионот на Шпанија и четири во Лигата на шампионите.

Вкупно за каталонскиот клуб има забележано 674 натпревари на кои постигна 57 гола и 119 асистенции.

Иниеста и во Барселона ја носеше осмицата.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2018 17:58