Новиот менаџер на Арсенал, Унаи Емери најави офанзивен пристап на неговиот тим, велејќи дека повеќе сака да победи со 5:4, отколку со 1:0.
Изјавата на Шпанецот не е својствена за денешните тренери кои најчесто приоритет им е да не примат гол, но тоа не важи за трократниот освојувач на Лига Европа како предводник на Севиља.
- Сакам ефикасен фудбал и офанзивен пристап на моите играчи. Повеќе преферирам 5:4, од минималец 1:0. Сакам да работам и анализирам. Секој натпревар ми е како филм. Размислувам за секој детаљ на натпреварите. Сакам мојот тим да напредува и технички и тактички, изјави Емери.
Шпанскиот фудбалски стручњак доаѓа во Арсенал каде ќе го наследи Арсен Венгер кој 22 години беше на клупата на „топџиите“.