Една од најголемите ѕвезди во историјата на фудбалот, Роналдо да Лима, го прогнозираше точниот резултат во финалето на Лигата на шампионите.

Дуелот ќе се игра утре од 20:45 часот во Киев помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

Бразилецот, кој е поранешен играч на „белите“, ги посочи Шпанците како старо-нови освојувачи на трофејот. Според него, точниот резултат на натпреварот ќе биде 3:2 во корист на гигантот од Мадрид.

- Да, 3:2 е мојата прогноза и ако тоа се случи, Реал ќе постигне невиден успех со освојување на Лигата на шампионите три пати по ред. Јас сум оптимист за Реал, иако во текот на сезоната имав некои сомнежи за нивната игра, рече Роналдо.

Тој, исто така, изрази пофални зборови за ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, дефинирајќи ги неговите квалитети како блиски на оние на Меси.

Во однос на претстојното Светско првенство во Русија, Роналдо оцени дека Германија има одличен тим, но според него Шпанија е извонредана екипа. - Токму Шпанците ги гледам како главни ривали на Бразил за светската титула, додаде тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2018 12:47