Осум минути - толку трае летот на најновата авио-линија, кој веќе е прогласен за најкраток во меѓународниот сообраќај.

Линијата, која ја пушти авиокомпанијата „Аруба ерлајнс“, ги поврзува Аруба, карипскиот остров под суверенитет на Холандија и градот Пунто Фихо во северниот дел на Венецуела.

Растојанието помеѓу двата аеродроми е само 80 километри, а „Аруба ерлајнс“ за оваа кратка линија го избра „бомбардиер CRJ200“, најбрзиот авион.

Летовите на експресната авио-линија ќе се извршуваат два пати неделно - понеделник и петок - а најевтината карта ќе чини околу 200 долари.

Пред повеќе од една година, беше згасната досегашната најкратка авио-линија, помеѓу Алтернхајн во Швајцарија и Фридрихшафен во јужна Германија.

Австриската компанија „Пиплс Виеналајн“, кој го одржуваше летот од 8 минути со авионот „Ембраер 170“, на тој чекор се одлучила поради слабиот интерес на патници.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2018 00:19