Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека нема место за иранско воено присуство во Сирија.

- Нашиот став за Сирија е јасен. Ние веруваме дека нема место за какво било иранско воено присуство во Сирија, посочи Нетанјаху.

Неговата изјава уследи откако Русија соопшти дека сириските сили треба сами да ја контролираат територијата во близина на израелската и јорданската граница.

Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека само трупи под команда на сириската Влада треба да бидат присутни на јужната граница на Сирија кон Јордан и кон Израел.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2018 16:54