Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска го потврдија ставот на Унијата за Договорот со Иран, од кој се повлекоа САД.
Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, која претседаваше со денешниот состанок за новинарите порача дека земјите членки продолжуваат да ги координираат европските мерки за да се обезбеди заштита за фирмите кои тргуваат во Иран.
САД на овие компании им се заканува со санкции откако одлучи да се повлече од Договорот со Иран.
- Разговаравме за мерките за сочувување на економските заложби на фирмите кои легитимно инвестирале во Иран, но за нас ова не е само економски интерес, туку и безбедносен. Во отсуство на нуклеарен договор со Иран, во прашање се безбедноста на регионот и на ЕУ. Затоа сакаме да има договор, нема подобар начин за безбедноста, истакна Могерини.