Американската компанија Харбор Енерџи се откажа од инвестирањето во австралиско-кинеската компанија Сантос, која има повеќе проекти во експлоатација и транспорт на втечнет природен гас во растечкиот пацифички пазар.

Во драматични преговори кои траеа во текот на викендот, Харбор пет пати ја зголемувал понудата за инвестициите на Сантос во Австралија и во Папуа Нова Гвинеја, на крај нудејќи 10,8 милијарди долари. Но, компанијата базирана во Мелбурн ја одби понудата, меѓу другото поради загриженост од високото ниво на долг кое Харбор го преземал од банките Џеј Пи Морган Стенли и Хајбери за да може да ја даде понудата.

Се смета дека причината за пропаст на зделката е и растечката цена на нафтата на светските берзи, поради што производителите претпочитаат да ги задржат своите производни капацитети, во очекување дека цената ќе продолжи да расте.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2018 15:39