Македонската песна „Македонско девојче“ како еден од најпрепознатливиот симбол за нашата земја, беше изведена среде Минхен.
Оркестарот „Barcelona Gipsy Balkan Orchestra“ во април направија промоција на нивниот најнов албум насловен како „Avo Kanto“ низ цела Германија.
Оркестарот во кој членуваат: Робиндро Николиќ од Шпанија, Матиа Широса од Италија, Иван Ковачевиќ од Србија, Џулиен Чанал од Франција, Стелиос Тогиас од Грција и Сандра Санаџио од Шпанија, изведува традиционални песни од Источно европскиот регион, Јужна Америка и Средниот Исток.