Рускиот министер за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров утре ќе престојува во официјална посета на Северна Кореја, каде со својот севернокорејски колега Ри Јонг-хо ќе разговара за ситуацијата на Корејскиот Полуостров, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
„Испланирани се разговорите на двајцата министри и тие ќе се фокусираат на актуелните проблеми и ќе разменат мислења зџа ситуацијата на Корејскиот Полуостров и други главни меѓународни и регионални проблеми“, се наведува во соопштението на руското МНР.
Шефот на севернокорејската дипломатија за време на посетата на Мосва во април го покани Лавров да го посети Пјонгјанг.