Од бегалците кои во Германија пристигнаа во изминатите години речиси секој четврти во меѓувреме нашол вработување, објави весникот Рајнише Пост.

- Во март, секој четврти бегалец кој дошол во Германија по 2015 година имал работа. Ако се продолжи со такво темпо ќе се остварат нашите проценки, според кои, по пет години престој речиси 50 отсто бегалци имаат работа, а по 15 години 70 отсто, вели во изјава за весникот Херберт Брикнер од Инситутот за истражување на пазарите.

Тој проценува дека до крајот на годината месечно осум до десет илјади бегалци ќе наоѓаат работа. Меѓу странците од Европската унија и Балканот квотата на вработени е 50 отсто, а за Германците 68 отсто.

- Тие бројки покажуваат дека интеграцијата на бегалци на пазарот на труд е долготраен и макотрпен процес, изјави Бринер.

Најмногу бегалци кои нашле вработување (40 отсто) се Пакистанци, Нигеријци и Иранци, додека најниска стапка на вработени е кај бегалците од Сирија (20) отсто.

Според Брикнер, 65 отсто бегалци кои пристигнале во Германиј по 2015 година примаат социјална помош.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2018 11:53