Кинеската групација ХНА, која е еден од најголемите инвеститори во германската Дојче Банк, оцени дека банката е стабилна и дека го поддржуваат актуелното раководство во нивните планови да обезбедат подобра финансиска иднина.

Изјавата доаѓа откако банката се соочи со серија загрижувачки сигнали поради значителните загуби во работењето, а нејзиниот кредитен рејтинг беше намален од страна на агенцијата Стандард и Пурс од А- на БББ+. Банката се соочи и со истрага во Австралија, заедно со Ситигруп, поради наводно формирање на криминален картел. Дојче Банк работи со загуба веќе трета година по ред, и веќе е едно или две нивоа под нејзините водечки конкуренти во Европа според кредитниот рејтинг. Акциите на компанијата вчера паднаа за 7 проценти, за денеска да пораснат за 4 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2018 13:56