Жители на Малезија одлучија да соберат пари за намалување на државниот долг кој моментно изнесува околу 80 отсто БДП.

Кампањата ја покрена еден 27-годишник кои рече дека е „силно горд на својата држава“ додека кампањата привлече внимание и интерес во целата држава и раководството.

– Граѓаните доброволно делат свои пари со владата за да ни помогнат да го решиме овој тежок товар, изјави министерот за финансии на Малезија Лим Гуан Енг.

Според него тој начин собирање пари е „симпатичен и транспарентен“.

Во првиот ден од кампањата се собрани 1,8 милиони долари.

На социјални мрежи веќе се огласија и жители на други држави кои спекулираат кога и во нивните држави ќе се обидат со таква кампања.

Новиот премиер на државата Махатир Мухамед вети дека ќе се бори на сите начини за намалување на државниот долг нагласувајќи дека дел од долгот од околу 700 милиони долари ќе биде вратен кога ќе почнат обвинувањата против поранешниот премиер Наџиб Разак



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2018 18:49