Новата италијанска влада ќе ја измени реформата на пазарот на трудот воведена од претходната администрација, изјави денеска италијанскиот министер за труд и индустрија, Луиџи ди Мајо.

Реформата беше воведена во 2015 година и со неа на големите компании им беа намалени ограничувањата за отпуштање работници додека на фирмите кои привремено ангажираат работници по нови, помалку заштитени услови, им се давани големи даночни олеснувања. Новата италијанска коалициска влада со Лигата и Движењето пет ѕвезди, вчера положи заклетва со што Западна Европа доби прва популистичка влада.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2018 19:13