Најмалку едно лице загина при експлозија на поствена бомба во близна на воена база во која се сместени американски и француски војници во северната сириска провинција Рака, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Според оваа невладина организација со седиште во Лондон, направата екслподирала во момент кога крај неа минувале конвој воени возила.
- Бомба, поставена крај патот што води од селото Ајн Иса до воената база „Бригада 93“, каде се сместени американски и француски војници, но и курдски борци, експлодира кога крај неа минувал воен конвој, изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.
Оваа база, која некогаш и припаѓаше на сириската армија, до минатото лето беше под контрола на џихадистичката група Исламса држава, кога беше преземена од борците на бунтовничката арапско-курдска коалиција.
Во базата „Бригада 93“ се стационирани околу 200 американски и 75 француски војници,