Германски Баер најави дека по преземањето на Монсанто, ќе престане да го употребува името на американскиот производител на земјоделски семиња и хербициди.

Зделката вредна 63 милијарди долари треба да се комплетира во текот на неделава, откако претходно ја одобрија регулаторните тела на САД и на Европската Унија. Монсанто има традиција од над 100 години, но Баер сепак сака да го пензионира името, имајќи предвид дека тоа во изминатите години стана синоним за генетски модификувани земјоделски производи.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2018 13:29