Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека е потребно спроведување објективна истрага за да се утврди дали и кој употребувал хемиско оружје за време на конфликтот во Сирија.
- Велите деке сте докажале оти претседателот на Сирија, Башар Асад користел хемиско оружје. Но, сите не го велат тоа. Нашите експерти кажуваат нешто сосема спротивно од тоа, изјави Путин во интервју за австриската телевизија ОРФ, во пресрет на неговата денешна посета на Австрија.
Осврнувајќи се не обвинувањата дека сириските владини сили употребиле хемиско оружје при напад во градот Дума, Путин потенцира дека ден пред најавеното пристигнување на инспекторите на Органзиацијата за забрана на хемиското оружје (ОЦВП) во ова место, западните сојузници на 7 април извршија ракетен напад врз Сирија, без да ги почекаат резултатите од истрагата.
- Зарем тоа е најдобриот начин за објективно утврдување на тоа што се случило таму? Не мислам така. Според мене, тоа повеќе е обид да се оневозможи веродостојна истрага. Траба да имаме објективна истрага и тогаш ќе дознаеме што се случило, потенцира Путин.