Извршниот директор на „Старбакс“, Хауард Шулц, ја напушта раководната позиција во светкси познатиот ланец на кафулиња и влегува во политичките води, тврди весникот „Њујорк Тајмс“.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Шулц изјави дека е „длабоко загрижен“ за ситуацијата во САД и за репутацијата на земјата во светот.
- Сакам да бидам искрен со вас без да правам шпекулации за весниците. Веќе подолго време сум длабоко загрижен за нашата земја - за растечката поделеност дома и за нашaта репутација во светот, изјави тој.
„Њујорк тајмс“ објави дека неговата оставка од раководната позиција во „Старбакс“ ги поттикнува шпекулациите дека Шулц се подготвува за учество на претседателските избори во САД во 2020 година, како кандидат за претседател на Демократската партија.