Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ќе донира 150 илјади долари за јужнокорејскиот град Пјонгчанг, каде што во 2018 година се одржаа Зимските олимписки игри.

Според официјалната веб-страница на ИОК, донесена е одлука финансиски да се помогне градот кој во почетокот на јуни доживеа силен поплава.

Помошта за Пјонгчанг ја потврди и претседателот на ИОК, Томас Бах.

Поради силните бури во градот, недалеку од седиштето на Олимписките игри во 2018 година, беа погодени повеќе од 50 куќи, а околу 150 луѓе останаа без своите домови.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2018 11:53