Унгарската нискобуџетна авиокомпанија Визер го одбележа јубијелот со стотиот авион во својата флота.

Во Будимпешта по тој повод беше претставен новиот изглед на еден суперефикасен авион од типот A321 и беше најавена Визер фондација, која ќе се фокусира на четири различни области: здравство, образование, грижа за децата и помош при непогоди, се наведува во соопштението на авиокомпанијата.

- Нашиот апсолутен фокус на постигнување на најниските оперативни трошоци и, следствено, најниска цена на пазарот, придонесе за тоа Визер да стане компанија со 100 авиони само за 14 години по првиот лет, изјави генералниот директор на компанијата Јожеф Варади.

Од Визер порачуваат дека ќе продолжат да ја развиваат својата мрежа и да го стимулираат пазарот за намалување на цените.

- Идните планови за развој на Визер се засноваат на нарачка која вклучува дополнителни 268 најсовремени авиони кои ќе бидат испорачани до 2026 година, благодарение на кои флотата ќе има речиси 300 авиони и ќе превезува 100 милиони патници годишно, се додава во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 00:05