Аргентински суд покрена обвиненија против вдовицата и синот на починатиот колумбиски наркобос Пабло Ескобар.

Судот ги товари вдовицата на Ескобар, Марија Изабел Сантос Кабаљеро и неговиот син Хуан Себастијан Марокин Сантос, кои живеат во Аргентина, за перење пари од шверц на дрога.

Дел од нивните сметки се замрзнати, но Судот сепак реши да не им одреди мерка притвор и да им овозможи да се бранат од слобода.

Пабло Ескобар, кој беше познат како „крал на кокаинот“, раководеше со еден од најмоќните нарко картели во колумбискиот град Меделин. Тој беше убиен при полициска акција во 1993 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 11:37