Американската креаторка Кејт Спејд, која стана позната како дизајнерка на женски чанти, е пронајдена мртва во својот стан во Њујорк. Полицијата смета дека се работи за самоубиство.

Спејд (55) е најдена обесена, а ја пронашла нејзината куќна помошничка во станот на Парк авенијата во Менхетн.

Кејт беше позната по своте креации на чанти, накит и женска облека, под брендот „Кејт Спејд Њујорк", како и соработката со „Френсис Валентајн".



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 12:05