Три недели по објавувањето на декретот на саудискиот крал Салман со кој на жените ми се дозволува да управуваат возила, властите на Саудиска Арабија почнаа со издавање возчки дозволи на Судијките.

Саудиската Агенција за сообраќај соопшти дека почнала со издавање на возачките дозволи во пресрет на 24 јуни, кога официјално стапува во сила кралскиот декрет.

Саудиска Арабија е единствена земја во светот во која на жените им беше забрането да управуваат возила.

Кралот Салман во септември 2017 најави дека од овој месец ќе биде укината забраната за возење од страна на жените, во рамки на реформите во земјата што ги иницираше неговиот син и престолнаследник, крунскиот принц Мохамед бин Салман.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 13:18