Состојбата со мирот во светски рамки е на полошо ниво отколку пред 10 години, што главо се должи на конфликтите на Блискиот Исток и во Африка, се наведува во денеска објавениот извештај на австралискиот Институт за економија и мир (ИЕП).

Директорот на ИЕП, Стив Килелија на презентацијата на извештајот изјави дека „бавното и постепено намалување на нивото на мирот“ е последица на фактот што покрај на Блискиот Исток и во Северна Африка, конфликтите се шират и во други региони.

- Како што можете да видите, мирот е интегерално поврзан со економската благосостојба, изјави Килелија, додавајќи дека извештајот на ИЕП е единствен во кој се анализираат економските последици од насилството.

Истражувачите на Институтот утврдиле дека насилството во светот во 2017 година и нанело штети на економијата во износ од 14,8 трилиони долари, што е речиси 2.000 долари по глава на жител.

Ако најнестабилните држави, како Сирија, Јужен Судан и Ирак, би биле стабилни како на пример Исланд или Ноз Зеланд, нивниот бруто домашен производ по глава на жител би бил поголем за по 2.000 долари, се оценува во извештајот.

Според документот, Европа е „најмирниот реон во светот“, а Блискиот Исток и Северна Африка се „најнемирните“.

На листата на ИЕП поместена во извептајот се вклучени 163 држави, при што на самото дно според висината на Светскиот индекс на мирот на ИЕП, се Сирија, Авганистан и Ирак. Пред нив на листата се Јужен Судан, Јемен, Сомалија, Либија. Судан. Централоафриканската Република, Украина, ДР Конго, Пакистан и Северна Кореја.

Во пресметувањето на својот Светски индекс на мирот, ИЕП користи податоци од тинк тенк групи, идтражувачки институти, владини служби и високообразовни институции.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 15:00