Најмалку четири лица се повредени денеска при експлозија во силос за жито во францускиот град Стразбур, соопшти локалната полиција, нагласувајќи дека во тек е спасувачка операција,

Претставник на полицијата информира дека повредените лица се вон животна опасност, но нагласи дека конечниот биланс на жртвите може да биде поголем.

Според него, во акцијата за санирање на последиците од експлозијата, што се случила во силос на пристаништето на реката Рајна, учествуваат 70-тина пожарникари.

Локалните власти преки Твитер ги повикаа граѓаните да го избегнуваат реонот на инцидентот, за да не го попречуваат спроведувањето на спасувачката операција.

Причините за експлозијата засега на се соопштени, но полицијата информира дека не станува збор за „смислен чин“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 15:07