Постојаниот претставник на САД во НАТО, амбасадорката Кеј Бејли Хачинсон изјави дека Алијансата ќе направи се што е можно за да ја заштити Македонија од, како што вели, агресија од страна на Русија и покрај тоа што процедурата за прием на земјата во организацијата се уште не е почната заради нерешеното прашање за името, пренесе РИА Новости.

- Ако спорот за името не биде решен до средбата на врвот на членките на НАТО и не биде започната процедурата за нејзин прием ќе продолжиме да работиме за заштита на земјата од штетните влијанија. Имаме блиски работни односи со Македонија, и во НАТО ќе направиме се што е возможно за да и помогнеме на земјата да се спротивстави на погубното влијание од страна на Русија, било да е хибридна војна или каква била друга дејност, истакна Хачинсон на денешниот телефонски брифинг за новинарите.

Самитот на НАТО ќе се одржи на почетокот од јули во Брисел, а Македонија се надева дека дотогаш ќе биде решено прашањето за името и ќе стане 30-та членка на Алијансата.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 16:14