Aмерикански војник украл оклопно возило и минал 100-на километри со него по споредните улици во градот Ричмонд, Вирџинија, додека го бркала полицијата, jaви „Њујорк Пост“.

Малиот тенк бил украден од воената база на Националната гарда во областа Нотовеј во јужна Вирџинија. Бркотницата со полицијата потоа траела два часа. Според официјалниот извештај нема повредени, но локалните медиуми јавуваат дека полицијата пукала кон украденото возило.

- Престапникот во еден момент самиот застана, изјави Кили Хил, претставник на локалната полиција. Очевидци велат дека полицајците веднаш штом излегол од возилото го нападнале со службено куче, а потоа го онеспособиле со електро-шок.

Идентитетот на војникот не се открива, но властите посочуваат дека тој престапот го извршил како чин на незадоволство.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2018 21:11