Австралискиот премиер Малколм Трнбул денеска го повика основачот и извршен директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг да даде објаснување во врска со најновиот скандал со дотавување на лични податоци на корисниците на социјалната мрежа на кинески компании.

„Фејсбук“ во вторникот призна дека има договори за размена на податоци на неговите корисници со најмалку четири кинески компании.

- Постои голема загриженост дали „Фејсбук“ го почитува неприкосновеното право на приватност. Ќе барам Фејсбук да биде сослушан од нашите парламентарни комисии, изјави Трнбул, додавјќи дека би бил среќен доколку на тие сослушувања за појави самиот Закерберг.

Потпретседартелот на заедничката Комисија за разузнавање и безбедност на двата дома на австралискиот Парламент, Ентони Брн оцени дека „Фејсбук“ ќе треба да им објасни на 15-те милиони свои корисници од Австралија зошто нивните лични податоци ги споделил со кинеските компании.

- Сакам да дознаеме зошто Закерберг дозволил тоа да се случи. Ако треба ќе го повикаме јавно да сведочи пред комисијата, нагласи Брн.

Барањата од Канбера доаѓаат во време на зголемени тензии во однсите меѓу Австралија и Кина, откако австралиските власти изразија сомнеж за кинеско мешање во работата на нејзинте разузнувачки служби.

Кинеските компаните на кои „Фејсбук“ им доставувал податоци на неговите корисници се „Хуавеи“, „Леново“, „Опо“ и Ти-Си-Ел, кои добиле пристап до базата на социјалната мрежа преку „контролиран“ начин одобрен од самата компанија

„Хуавеи“, кој е трет по големина производител на смартфони во светот, претставници на американското разузнавање го посочија како закана за националната безбедност на САД, поради тврдења поврзани со начинот на кој постапува со личните податоци.

„Фејсбук“ тврди дека пристапот до податоците бил неопходен за да можат корисниците да ги користат сите функции на апликациите за паметни телефони.

Последниот скандал поврзан со „Фејсбук“ доаѓа само неколку недели откако Закерберг беше сослушан во Конгресот на САД во врска со доставувањето на податоците на околу 87 милиони негови корисници на консултантската фирма „Кембриџ Аналитика“, која меѓу другото работела и на кампањата на американскиот преседател Доналд Трамп за изборите во 2016 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2018 12:06