Скопјанката Тамара Д. на својот фејсбук профил објави информација дека во текот на вчерашниот ден млад дечко се обидел да ја силува и дека по пријавувањето на случајот во полиција добила информација дека таа не е единствен случај во последните неколку дена.

- Вчера бев нападната пред влезот на мојата зграда од страна на лице што најверојатно беше од ромска националност, на околу 25 години, висок околу 175-180 сантиметри. Се обиде да ме силува, беше соблечен, меѓутоа на среќа успеав веднаш да избега, но во полициска станица ми кажаа дека јас сум петта жртва и дека во периодов се случиле уште 4 случаи, а еден случај бил многу посериозен од мојот. Споделете за да се расчуе дека во центар циркулира опасен човек и би сакала да не се случи уште еднаш ваков напад, пишува девојката Тамара на Фејсбук.

Тамара Д: Вчера дечко се обиде да ме силува, не сум единствен случај


Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2018 19:01