Економскиот раст, трговијата, мирот и безбедноста, еднаквоста меѓу половите, климатските промени и чистата енергија ќе бидат главни теми на дводневниот Самит на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г-7), што почнува денеска во канадскиот град Ла Малбе.

Самитот на лидерите на Канада, Велика Британија, Германија, Италија, Јапонија, САД и Франција ќе започне со работна средба посветена на глобалниот економски раст и слободната трговија, во услови кога Вашингтон воведе царини за увозот на челик и алуминиум, со кои се опфатени и земјите од ЕУ и Канада.

На самитот се очекуваат тешки разговор со оглед на зголемените тензии меѓу САД и сојузниците поради царините, но и поради одлуката на Вашингтон за повлекувања од Парискиот договор за климата и Нуклеарниот договор со Иран.

Самитот во Ла Малебе, што се наоѓа на 150 километри североисточно од градот Квебек, ќе се одржи под исклучително високи безбедносни мерки, за што се ангажирани повеќе од 10.000 полицајци и припадници на канадската армија.

Покрај лидерите на земјите членки на Г-7, на Самитот ќе учествуваат и претставници на ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2018 11:31