Бројот на загинати при ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемела, што започна во неделата, се искачи на 109 лица, додека уште околу 200 други се водат како исчезнати.

Поради ризици по животите на спасувачките тимови, операциите за потрага и помош на настраданите се времено запрени.

Ова е најмоќна ерупција на Фуего во последниве четири децении, Ерупцијата загрози подрачје на кое живеат околу 1,7 милиони луѓе, поради што Гватемала побара меѓународна помош за справување со последиците.

Во меѓу време, Јавното обвинителство почна и истрага за утврдување дали биле почитувани процедурите за евекуација на населението од загрозените региони.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2018 11:41