Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е можно за време на неговата средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на 12 јуни во Сингапур, да биде потпишан договор за ставање крај на Корејската војна од почетокот 50-те години на минатиот век.
- Тоа би можело да се случи. Би можеле да потпишеме договор, Тоа би било прв чекор, изјави Трамп на заедничка прес-конференција со јапонскиот премиер Шинѕо Абе по нивната средба во Вашингтон.
Трамп нагласи дека би сакал „еден ден“ да дојде до нормализација на односите меѓу САД и Северна Кореја, најавувајќи дека сигурно ќе го покани Ким да го посети Вашингтон, доколку „разговорите во Сингапур минат добро“.
- Верувам дека Ким Џонг-ун е подготвен да стори нешто што ќе биде добро за неговата земја, неговото семејство и за него самиот, додаде Трамп.