По предвремените претседателски и парламентарни избори на 24 јуни, Турција би можела да ја укине вонредната состојба, воведена по обидот за преврат во јули 2016 година, најави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

- По изборите ќе го ставиме на маса законот за вонредна состојба и ќе го преразгледаме. Може да се случи нешто како негово укинување, изјави Ердоган во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Според него, тој процес нема да се одолговлекува, туку „ќе биде завршен брзо и ќе се придвижи напред“.

Од воведувањето во јули 2016, турскиот Парламент досега седум пати ја продолжуваше вонредната состојба на период од по три месеци.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2018 12:34