Советникот од СДСМ Ристе Булоски во изјава за „Охрид1“ тврди дека со новиот ценовник и новите зони всушност паркингот на „Туристичка“ и „Јане Сандански“ поевтинува, а кој досега воопшто не се наплаќал.
Тој вели дека ако хипотетички замислиме дека до сега Јане Сандански и Туристичка биле зона Б, со предлогот на Градоначалникот тие стануваат зона Ц и така на граѓаните им поевтинувал паркингот.