Аргентинскиот интернационалец Николас Хозе Херанц потпиша девгодишен договорот со фудбалскиот клуб Вардар. Херанц е првиот играч од Аргентина во историјата на македонскиот клуб, а ќе игра на позицијата стопер.

- Потпишав за одличен клуб, и доаѓам во одличен град. Со нетрпение го очекувам мојот прв настап во новиот тим. Првите импресии ми се позитивни, и сега низ тренинзите и низ натпреварите ќе дадам се од себе да ги исполнам очекувањата од оние кои ми дадоа можност да бидам дел од оваа екипа. Знам дека Вардар секогаш атакува на титули. Пред да дојдам тука истражував за овој тим, и можам да кажам дека сум импресиониран. Не беше тешко да се заклучи дека Вардар е најдобриот клуб во Македонија. Исто така ми соопштија дека ќе бидам првиот играч од Аргентина кој ќе настапува во оваа екипа, и драго ми е поради тоа, изјави Херанц за клупскиот сајт.

Херанц има 24 години и до сега настапувал за аргентинските клубови Розарио Централ и Олимпо. Во Вардар ќе го носи дресот со број шест.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2018 05:09