Песната по која најчесто не’ препознаваат е „Македонско девојче”. Таа е најпеената песна од Македонија на сите времиња, како во земјава, така и надвор од неа. Препеана на најмалку 10 светски јазици.
„Татко“ на оваа прекрасна македонска песна е бардот Јонче Христовски. Тој бил чест гостин во семејството на Виолета Томовска, со која и самиот соработувал. На една од тие средби, кога ќерката на Виолета – Невенка, го славела својот прв роденден, настанала токму оваа песна, тогаш за прв пат изведена од Томовска и Кирил Манчевски.
Уживајте во прекрасните изведби на различни места низ целиот свет на оваа безвременска и една од најубавите македонски песни.