Рускиот претседател Владимир Путин на американскиот колега Доналд Трамп му рече дека е време да се разговара за билатералните државни односи и за тешките проблеми помеѓу другите земји, јави Финската државна телевизија.

Средбата Путин-Трамп е во претседателската палата во Хелсинки, позната како жолтата палата Лина.

Трамп пред состанокот истакна дека соработката со Русија е „добра, а не лоша работа“ и оти „двете држави можат да имаат извонредни односи“.

- Навистина мислам дека светот сака да не види заедно, посочи Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2018 15:17