Демонстранти поставија голем транспарент пред зградата на романската Влада пред денешната седница на која се разгледува закон за амнестија.
- Разбуди се и излези на улица! Диктатурата секогаш се воспоставувала преку закони!, пишува на транспарентнот на романските опозиционери.
Политичките превирања избија околу предлог законот за декриминализирање на злоупотребата на службената положба, дело за кое се прават обиди да се уапси лидерот на владејачките социјал-демократи Ливиу Драгна.
Опозицијата и претседателот Клаус Јоханис се обидуваат да го спречат ова преку Уставниот суд. Драгна негираше дека власта планира закон со кој сака да го помилува.