Земјите членки на ЕУ вчера усвоија нов правен инструмент, кој ќе ги заштите европските компании присутни во Иран од најавените американски санкции, откако САД се повлече од Договорот за иранската нуклеарна програма.
Инструментот, наречен, Закон за блокирање, беше одобрен на вчерашниот Совет за надворешни работи на ЕУ и ќе стапи во сила на 6 август, кога треба да стапат во сила и првите американски санкции.
Овој европсски закон постои од 1996 година и им овозможува на Европејците да го заобиколат американскиот правен принцип на екстратериторијалност.
По повлекувањето на САД од иранскиот договор, голем број европски компании најавија дека доколку не бидат заштитени тие ќе се повлечат од Иран.
Останува да се види дали овој инструмент ќе биде доволен.