Безмалку 100.000 лица минатата ноќ учествуваа во марш со кој му оддадоа почит на последниот руски цар Николај Втори и неговото семејство, убиени од страна на комунистите по Октомвриската револуција.
Маршот започна од „Црквата на крвта“ во рускиот град Екатеринбург и заврши во манастирот „Св. Царски Маченици“ во месноста Ганина Јама, со што беше одбележа стогодишнината од убиството на челновите на царското семејство Романови.
т во местото Ганина Јама, во близина на со кој му оддадоа почит на последниот руски цар Николај Втори и неговото семејство, убиени од страна на комунистите по Октомвриската револуција.
Патријархот московски и на цела Русија. Кирил која ја предводеше поворката верници, придружуван од високи политички претставници, отслужи и божествена литургија пред „Црквата на крвта“, а подоцна одржа и молебден за царското семејство.
Царот Николај Втори, неговата сопруга царицата Александра, нивниот син принцот Алексеј и принцезите Олга, Татјана, Марија и Анастазија беа канонизирани од страна на Руската православна црква во 2000 година. Тие биле убиени заедно со нивните најблиски соработници, царскиот лекар и слугите во близината на Екатеринбург на 16 јули 1918 година. На местото на нивното убиство е подигната „Црквата на крвта“.