Либиската крајбрежна стража денеска пресретна брод со 158 мигранти и не му дозволи да продолжи кон некоја од европските држави.

Африканските мигранти, меѓу кои имало и 34 жени и девет деца, биле вратени во либискиот град Комс и згрижени во локален мигрантски камп.

Европските земји бараат од либиските власти да го запрат неконтролираното испловување на мигрански бродови, кои честопати лажно пријавуваа дефект за да бидат собрани од спасувачки бродови, кои потоа мигрантите ги пренесуваат во европските земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2018 13:29