Американскиот компанија за производство на авиони „Боинг“ доби договор вреден 3,9 милијарди долари за два нови 747-8 авиони кои американскиот претседател ќе ги користи како „Ер форс Уан“ (Air Force 1)

Авионите мора да бидат испорачани до декември 2024 година и ќе бидат во боите на американското знаме - црвена, бела и сина.

Доналд Трамп изјави дека новите претседателски авиони ќе бидат "неверојатни, најубави и најдобри во светот“.

Одлуката вчера ја соопшти Пентагон, а договорот дојде откако Трамп на почетокот од годинава се спротивстави на цената од четири милијарди долари според претходната зделка за „Ер Форс 1“. Претседателот на Твитер тогаш истакна дека „цените се надвор од контрола“ и соопшти дека ја откажал нарачката.

На крајот од февруари Белата куќа информира дека се договорила со Боинг за фиксна цена од 3,9 милијарди долари.

- Боинг ни даде добра цена и успеавме да заштедиме 1,5 милијарди долари и да нарачаме нов модел за земјата, изјави Трамп во интервју за телевизијата Си-Би-Ес.

Договорот опфаќа два поголеми, помодерни, побрзи и поекономични авиони од сегашните 30-годишни 747-200, кои чинат 180.000 долари на час.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2018 10:01